АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да се продолжи со реконструкцијата на централниот градски пазар во Битола, да се направи партерно уредување на реонот Бижутерија, како и монтажно покривање на продажниот простор се само дел од планот за работа на ЈП „Пазари“-Битола за новата 2019 година.
Во планот претставен пред советниците во Советото на Општина Битола претпријатието наведува дека ќе се реконструира управната зграда со еколошки системи за затоплување, потоа ќе се обноват и тоалетите во Маас пазар, а ќе се постават и фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби. Нов детален урбанистички план за Маас пазар кој би опфатил реконструкција на постоечките објекти и изградба на нови.
-Одржување на стабилна финансиска состојба на претпријатието подразбира масимална искористеност на пазарните капацитети и деловниот простор со кој располага ЈП„Пазари“-Битола со што би се овозможиле постојани и стабилни извори на финансирање на претпријатието, постојана тековна ликвидност преку рационално користење на финансиските средства и сведување на трошоците на оптимално ниво наопходно за функционирање на претпријатието. Продолжување на активностите за целосна реконструкција на пазарот, стои во планот на „Пазари“.
Претпријатието планира и набавка на нови современи тезги за сите делови на пазарот кои ќе бидат обновени. Пазари за 2019 година планира приходи во износ од 24.300.000 денари.