АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Школата за ликовна уметност АДАМС АРТ под раководство на проф. Анкица Стевановска, академски сликар и иконописец денеска ја постави изложбата на дела од нејзините ученици во фоајето на НУ Центар за култура Битола. На изложбата се претставени цртежи и слики од 30-тина деца, надежни таленти од Битола.
Изложбата ќе биде отворена до понеделник до 14ч. Од школата за ликовна уметност АДАМС АРТ ги покануваат битолчани да ја посетат.
- Чест и задоволство ми е што работев со неверојатни таленти за да ги создадеме овие прекрасни дела. Креативниот дух е важна алка во формирање на секој поединец, без оглед на професијата која ќе ја одбери за понатаму, затоа посочувам да дадеме силна поддршка за сите талентирани деца, рече проф. Анкица Стевановска на отворањето на изложбата.
Во рамките на школата за ликовна уметност АДАМС АРТ функционира и група на возрасни кои имаат афинитети кон сликањето.