Коњот на Филип Втори предновогодишно „почестен“ со бали сено

Декември 28, 2018

На плоштадот „Магнолија“  денеска битолчани беа изненадени од неколкуте бали сено убаво подврзани со украсни панделки, оставени на плоштадот, па минувачите на шега се прашуваа дали сеното е предновогодишно честење за коњот на Филип Втори?

Ова не е прв пат бали со сено да бидат оставени пред споменикот на античкиот владател во центарот на Битола, тоа се случи и во 2016 година за време на протестите на „Шарената револуција“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани