АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две влезни врати, еден паркинг за велосипеди и три метални корпи за складирање на пластични шишиња донира ФОД ДООЕЛ –Битола во ОУ „ Ѓорги Сугарев“-Битола.
Валентина Петреска, директорка на ОУ „Ѓорги Сугарев“, изрази благодарност за донацијата, потенцирајќи дека секоја помош се прифаќа со големо задоволство.
Директорот на ФОД-Битола Методија Тасевски рече дека соработката со школото е во континуитет и дека секогаш стојат на располагање на ова училиште и особено на децата од социјално загрозените семејства.
Денеска, пак , синдикалната организација на ФОД ДООЕЛ -Битола чии претставник е Александар Иванов во посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“- Битола, каде се школуваат 38 деца со посебни потреби, донирааше новогодишни подароци, такашто на големо задоволство на децата, пакетчињата им ги подари Дедо Мраз.