2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Опозицијата со празни зборови против изборот на новиот претседател на Советот

Октомври 25, 2017

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Битола   гласаа против предлогот Валентин Груевски да биде новиот претседател на Советот. Без аргументи  и неиздржани критики, опозиционите советници зборуваа за „популизам“ и„ неработење“ како да не беа тие до вчера на власт.

 

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ,  Иванчо Тошевски од говорницата рече дека предлогот Груевски да е претседател на Советот не  е ништо ново.

-Граѓаните преку овие избори до сите нас упатија една јасна и силна порака дека имаат очекување од нас како нивни претставници во Советот, дека треба да покажеме едно ново ниво на политичка зрелост , предлогот кој вие го давате сметам дека не е ништо ново-рече Тошевски, додавајќи дека токму поради тоа што се работело за предлог кој е резултат на коалициски договор,„ ќе гласам против“, рече Тошевски.

Олга Лозановска,од ВМРО-ДПМНЕ , пак, образложи зошто таа не прифаќала советник од СДСМ да го види Советот.

-Вие истите кои сте тука присутни пред две години шетавте по улиците , шаравте, боевте, фрлавте со дрвја и камења по институциите на државата по истата оваа општина во која што сега седнавте-рече Лозановска.

Борче Димитровски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак се обрати за првпат од говорницата заборавајќи дека до вчера неговата партија беше на власт во Битола.

-Времето и на кампањата и на популизмот заврши, треба да се зафатиме за работа и да не дозволиме флоскулата од типот „живот за сите“ , која е само една добро осмислена поента да не се презентира и на дело-рече Димитровски.

Валентин Груевски со мнозинство гласови е избран за претседател на  Советот на Општина Битола.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани