АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Конституиран е новиот Совет на општина Битола. Сите членови денес ги потпишаа свечените изјави дека правата и должностите како советници ќе ги вршат совесно почитувајќи го Уставот, законите, прописите на Советот и дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Македонија.
Во идниот Совет, мнозинство ќе бидат советниците од СДСМ и коалиционите партнери кои имаат 17 советници, а ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција со 11 советници. Два советника имаат независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ и еден колицијата на ДУИ.
Во советничката сала, советниците си ги заменија и местата на седење. Така, советниците од сегашната опозиција ги зазедоа столчињата од левата страна , по осум години минати на десно. Додека советниците од сегашната власт од лево седнаа на десно.Сточето не си го промени само советничката од „Поинаку“, Габриела Илиевска.