АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка на блокот, отстранување на помали дефекти кои се детектирани, како и за зајакнување на неговата оперативност, информираат од АД ЕЛЕМ.
Планираната проверка и техничка нега на блокот ќе траат 8 до 10 дена, што било овозможено од подобрените временски услови и порастот на температурите, со што била намалена и потрошувачката на електрична енергија за грејни потреби.
Производството на АД ЕЛЕМ ќе продолжи непречено преку другите два блока во РЕК Битола, хидроелектраните и акумулациите кои се на оптимално ниво во моментов, Ветерниот парк Богданци, како и термоелектраната Осломеј која во секој момент е подготвена да се вклучи според производствените потреби.