2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„ПЕСНИ ЗА ПАЛЕСТИНА“ -НАЈНОВА КНИГА ПОЕЗИЈА НА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

Март 03, 2019

 Деновиве, во издание на книгоиздателството „Матица од Скопје“ од печат излезе најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на познатиот битолски поет, долгогодишен новинар и публицист Панде Манојлов. Книгата содржи шеесетина песни исклучиво посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ под окупација како и неуморната и праведна борба да се дојде до слобода.

 

Првата песна посветена на Палестина , Манојлов ја напишал во месец септември 1982 година во весникот „Нова Македонија“, инспириран од крвавите напади на палестинските логори Сабра и Шатила во кои беа убиени и ранети илјадници Палестинци. Песната веднаш , од страна на тогашниот скопски студент од Палестина, Абас Абделкарим била препеана на арапски јазик и објавена во четиринаесет држави од арапскиот свет. Останатите песни се напишани во последните триесетина години.

Книгата на 1 март оваа година беше промовирана пред учениците во Основното училиште „Славко Лумбарковски“ во селото Могила.

 Панде Манојлов е автор на дваесет и осум книги поезија и проза и е член на Друштвото на писаелите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици.52983618 334266967199134 8479758437360599040 n

53097317 2370283049867031 4367067775286378496 n

53305542 875760946101528 8716768790181838848 n

53516204 252004425681090 6274482628548624384 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани