АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„На некој од Скопје да му беа стиховите во химна на еден народ, па човекот ќе го предложеа и за Нобелова награда. А Панде наш, горд биотолчанец, не доби таков публицитите, иако во химната на Палестина се вклопени неговите стихови’, рече писателот Добре Тодоровски на изложбата на делата на битолскиот поет, пистаел и долгогодишен новинар Панде Манојлов, кој за жал почина лани од коронавирус на 72- годишна возраст.
„Панде е еден од најголемите македонски писатели, тоа времето ќе го докаже. Моите повозрасни колеги Владимир Костов и Радован П. Цветковски на времето додека бев помлад ми велеа ‘не си во Скопје, си ништо’. Во химана на Палестина се вклопени неговите стихови и тој од палестинскиот народ и амбасада ги доби сите признанија што му следуваа, а од нас не доби ништо. Што се однесува на Битола, читајте ја книгата ‘Битола, љубов моја’, ќе видите со која љубовна жестина настапува поетот, па многумина се обидуваат да го копираат, но тој е неповторлив“, рече Тодоровски.
Манојлов ја напиша песната за Палестина во далечната 1982 година во весникот „Нова Македонија“ импресиониран од страдањата на палистеринскиот народ при трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила. Длабоко сочувствувал со Палестинците бидејќи и неговите предци биле од Егејска Македонија, па морале да ги напуштат родното огниште и да се преселат во битолското село Породин каде што беше роден и тој.
Неговата песна на арапски ја превел студент по социјалогија во Скопје и ја објавил во весник во Кувајт, па оттогаш била преобјавувана во други списанија, книги и станала позната во арапската култура, па и прогласена за најубава странска песна за Палестина. Манојлов се сретнал со некогашниот студент по социјологија дури по 25 години откако ја напишла песната и му било кажано дека е автор на најпознатата песна за Палестина, која стана своевиодна химна на палеистинскоиот народ. Тој претходно не ни знаеше дека една негова творба, од стотиците што ги имал напишано, станала толку популарна надвор од земјава.
Во Битолската библиотека денес беа изложени 29 книги на Манојлов, а пред да почини остави мателијал и за објава на уште едно дело. Дел од изложбата беа и неговите награди, признанија, како и написите од весници, меѓу кои и најпознатата рубрика Чкембаријада од „Битолски весник“ во која пишуваше сатира и хумор под псевдонимот Пантелеј Чкембаро.