АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На годинешното доделување на наградите за најдобри спортисти за 2018 година, Сојузот на спортови му додели посебно признание на тренерот Мико Голубовиќ, за одржување на тренинзи за кошарка на децата со посебни потреби. Децата посебно се израдуваа на ова признание за нивниот тренер и посакаа заеднички да го споделат успехот.
Секој вторник и четврток, од 17.30 до 18.30 часот во спортската сала на О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, децата со посебни потреби изведуваат спортски активности, но пред се и се дружат заедно.
На овие деца, спортските активности, од кои најмногу е застапена кошарката, под водство на тренерот Мико Голубовиќ, им носат радост веќе неколку месеци и децата со нетрпение чекаат да дојде следниот час.
Иницијативата за спортските активности на децата со посебни потреби беше поддржана од локалната самоуправа, која ги обезбеди средствата за да може два пати неделно да се одржуваат часовите. Спортските активности се наменети за сите деца со посебни потреби, без разлика на возраста, а секој следен час нивниот број се зголемува
-Ова е уште една од низата заложби на локалната самоуправа за вклучување и социјализација на децата со посебни потреби, а Сојузот на спортови ја препозна оваа хумана активност и го награди тренерот со плакета, велат од Општина Битола
Вакви признанија им беа доделени на битолчани кои дадоа придонес во развој на спортот во градот.