2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Амбасадорот Жбогар со говор на македонски јазик

Октомври 30, 2017

Иднината е во Европската Унија и се што останува надвор од неа ризикува. ЕУ пак останува отворена за интеграција на земјите од Западен Балкан, беше истакнато од европската делегација на денешната изложба “Уште поблиску до Унијата“ организирана во Битола. Изложбата беше по повод 60 годишнината од потпишувањето на Римските договори кои се сметаат за темел на заедничкиот европски пазар и зачеток на Унијата.

Своето обраќање амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, го имаше на македонски јазик.  

 

-Чекори се очекуваат и од земјите на Западен Балкан кои имаат јасна перспектива да станат членки на ЕУ. Членството значи придобивки, но и одговорност. Овие времиња на предизвици бараат државништво, негување на демократските принципи и гледање кон иднината- рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео 25 минути зборуваше на англиски јазик, во придужба на преведувач, и меѓу другото истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени и за нашата земја.

-Европа останува отворена кон европските земји кои ги почитуваат нашите вредности. Како европска членка, Италија, продолжува да работи константно на процесот на европска интеграција на регионот на Западен Балкан, како и на интеграцијата на вашата земја- рече Ромео.

Во организација на манифестацијата беше вклучен и Битолскиот универизтет,а на изложбата присуствуваше и   новата градоначалничка Наташа Петровска. 20171030 123403

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани