2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Гоце Делчев во писмата го користел псевдонимот Ахил- Изложбата „120 години од Илинденското востание“ поставена во Битола

Ноември 01, 2023

Апостолот на Македонската револуционерна организација Гоце Делчев во писмените расписки за да го сокрие својот иденитет понекогаш го користел псевдонимот Ахил, а војводата Христо Узунов надимакот Арсени М’глата. Ова го покажаа архивските документи што се дел од изложбата „120 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ – АРХИВСКА МЕМОРИЈА“ на Државниот архив на Македонија поставена во Фоајето на Центарот за култура - Битола и истата може да се посети до 3 ноември 2023 година.

370236243 207310059061025 4366648506476811831 n

370329371 1528676197881281 8803306789884794648 n

Меѓу 300 архивски документи и фотографии прикажани на 21 изложбено пано се и писмата до Ахил (Гоце Делчев) до Асен (Иван Белешков) од 1902 година со кое го задолжува да се ангажира за набавка на оружје, како и она до Никола Зографов од 1897 година во кое меѓу другото го известува дека на Даме Груев ќе му испрати револвер со 100 куршими и две ками. Понатаму, дел од изложбата се и фотографии од четите на Гоце Дечев, Јордан Пиперката, Питу Гули, Ѓорги Сугарев.

370101343 1025098972134794 4711246036151356064 n

377192613 1656288198199283 5353541123010619250 n

396349341 633606838950377 5406783580418734496 n

395690187 169496099568578 1977564007662537613 n

Освен Илинденците, дел од изложбата се и партизаните и нивните успеси. Има фотогрфаии од веселбата пред манастирот „Св. Прохор Пчински“ за време на 2 Август 1944 година за време на Првото заседение на АСНОМ, од делгати кои присуствувале, споменици и помош кои по ослободувањето се доделувале за лица кои го помогнале Илинденското востание, написи во весници за прославите на Илинден во слободна Македонија. Во нив пишува и за поставувањето на монументалниот споменик на Даме Груев во Смилево на 60 годишнината од Илинеднското востание, дело на битолскиот вајар Александар Јовановски, кој е автор и на спомениците на народниот херој Стив Наумов , на револуционерот Борис Кириќ, како и на повеќе бисти на народни првоборци во Битола.

396643113 3558194007783469 9216565471848271138 n

370323608 1085674556123715 26539272515331119 n

371319676 877090543849679 344456499458860720 n

Авторите на изложбата се обидуваат да ги прикажат континуираните напори на Државниот архив во повеќе од 70-годишно постоење да дојде до нови факти содржани во архивска документација за македонското револуционерно движење формирано од крајот на XIX век, кое пак ќе резултира со организирање и кревање на Илинденското востание на почетокот на XX век.

Документите се дел од архивските фондови кои се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија, Белград во форма на микрофилмови или ксерокскопиран архивски материјал.

395527248 1006098240465028 8464513096229495191 n

Документите говорат многу суштински за: Македонската револуционерна организација, нејзиното создавање, церемониите на заколнување на членството,  дисциплината и солидарноста на движечката сила на Организацијата, целокупната структурна поделеност, познатите војводи и револуционери, подготовките за Илинденското востание, текот и клучните вооружени борби со турската војска, последиците и активностите кои следувале по востанието, конзулските известувања, светскиот интерес прикажан во печатените медиуми, затворените и амнестирани илинденци,  заложбите на македонското население во зачувувањето на меморијата за големата саможртва, за АСНОМ – вториот Илинден со кој се темелеше македонската државност, почитта кон преживеаните илинденци, законите за Илинденска споменица и илинденска пензија, за овековечувањето на илинденските војводи со споменичните обележја итн.    

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани