2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Протест за јавниот превоз, Петровска вели дека е политички мотивиран

Март 07, 2019

Петнаесетина  жители од битолските села Долно Оризари, Трн, Карамани, Логоварди денеска излегоа на предупредувачки протест, незадоволни од јавниот превоз, поскапените билети и несоодветните автобуси кои ги праќа на овие линии превозникот.

-Градскиот превоз кој функционираше 12 години, сега е редуциран, а вози друга фирма  која нема соодветни автобуси, не се за градски превоз оти не ги исполнуваат стандардите. Исто така и цената на билетите е поголема. Беше 25 денари, сега е 35. Во овие услови, уште тоа ни фалеше. Ја повикуваме градоначалнчката да се вклучи во решавање на овој проблем, изјави Љупчо Зацевски од Долно Оризари.

За жителите од овие села, покрај цената, проблем е што автобусите застануваат на две постојки, а не кружат низ градот.

-Линиите се редуцирани, исклучени сме од кружен градски превоз. Апелираме тоа што било претходно добро да се задржи, во интерес на сите да се реши овај проблем, бидејќи на луѓето им е значаен превозот. Претходниот превозник имаше соодевтни автобуси, овие се високи, повозрасните тешко се качуваат, не се редовни линиите, не се точни, не кружат околу цел град, застануваат  само на две места, цената е поскапена, рече Горан Талевски од Логоварди

Петровска пак вели дека превозот е многу поорганизиран, а за некои релации ако се користат месечни билети, дури е поевтин од претходно.

-Во општина Битола беше спроведен повик за јавен превоз, кој што е законски, запазени се сите постапки и процедури, стојам позади тоа дека Битола има поквалитетен превоз, многу подобро организиран. Граѓаните тоа ќе го согледаат. Не се согласувам дека превозот е поскапен, имаме нова организација, одиме со зонски пристап, а за одредени места има и намалување на цените. Дури и за посочените локации , онаму каде што има потреба од секојдневно користење на градскиот превоз, со месечна карта се добива сума од 21,5 денари, што е помалку од она што го плаќале претходно граѓаните, изјави Петровска.

Според неа протетото е политички мотивиран.

-Мислам дека позади ова има политички мотиви во интерес на предизборието, но тоа е провидно, затоа што како демократска држава која минала низ многу изборни циклуси веќе се препознатливи ваквите ситуации, додаде градоначалничката.

Жителите, денеска петнаесет минути го блокираа патот од Долно Оризари кон Битола,  но велат ќе организираат порадикални протести доколку локалната самоуправа не им излезе во пресрет за нивните барања.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани