АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спогодба за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос во регионот на Преспа, потпишаа денеска македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Сиа Анагностопулу
Ова е прв договор потпишан меѓу Северна Македонија и Грција, согласно одредбите од конечната спогодба, со кој се очекува дополнителен развој во односите, интензивирање на комуникацијата и севкупен развој на Преспанскиот Регион.
„Имаме еден историски договор после историскиот успех со Договорот од Преспа. Задоволство ми е што овој договор за отворање на граничниот премин го потпишавме на три јазици, македонски, грчки и англиски јазик“, рече министерот Димитров.
Ианку, Анагностопулу е во дводенвна посета на Северна Македонија, а на денешната средба беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чијашто крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција ѝ ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.