2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Анета Стефановска осудена на три години затвор на 8 Март

Март 08, 2019

На три години затвор е осудена Анета Стефановска од Битола, која како поранешен член на ДИК е една од обвинетите во предметот на СЈО „Титаник 2“ за  изборни нерегуларност за локалните избори во 2013 година.

Покрај Стефановска, Кривичниот суд во Скопје, на тригодишна казна затвор ги осуди поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, екс членовите на ДИК Влатко Сајковски и Сашо Срцев,  додека пак лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока од четири години и шест месеци му е изречена на Бедредин Ибраими .

Судот оцени дека Мијалков како директор на УБК и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Другите обвинети сега екс-членови на ДИК ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интереси.

Веднаш по објавената пресуда обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побара мерки на претпазливост за Стефановска, Сајковски, Срцев, и притвори за Мијалков и Ибраими, а предлогот беше прифатен од Кривичниот суд.

Претходно, адвокатот на Анета Стефановска, Драги Пажиќ, рече дека не се согласува со пресудата и најави жалба до второстепениот суд. Според него предлогот на обвинителката Фетаи за мерки за претпазливост на Стефановска, е неоснован и неоправдан.

Стафновска,  исто така,   е поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и  директор на Библиотеката во Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани