2win800x200

Преку Битола Македонија гради мостови со Германија

Октомври 31, 2017

20 годишното пријателство меѓу Македонија и Германија што го гради Здружението за македонско-германско пријателство и соработка доби уште една значајна потврда преку Монографијата која денес беше промовирана во Битола во присуство на германскиот амбасадор Томас Герберих.

 

-Два месеци сум во вашата убава земја и заедно со моето семејство тука се чувствува многу убаво како од секогаш да сме живееле тука. Многу бевме срдечно прифатени во Македонија.  Германската амбасада се обудува да ги развива односите меѓу нашите две земји и задоволство ми е што сум присустен на промоцијата на Монографијата во која е опишана соработката во изминатите 20 години и верувам дека и во следните 20 години ќе продолжиме со понатамошно развивање на добрите односи- рече амбасадорот.

Валентина Илиевска, претседател на Здружението за македонско-германски пријателство и соработка, истакна дека со ваквите начини на соработка се очекува и поголем број на германски гости во земјава.

-Во монографијата претставени се голем дел од нашите манифестации, двојазично на македонски и гемански јазик. Здружението од Битола е формирано 1996 година и веќе 20 години има над 220 активности и преку нашите културни манифестации, организирајќи изложби, предавања, концерти , гостувања, театарски претстави, воспостави еден непосреден контакт со Геманија и германско јазичните земји- рече Валентина Илиевска, претседател на Здружението и почесен конзул на Австрија во Македонија.

Автори на Монографијата се Илиевска, професорите Петар Рау и Златко Жоглев. Професорот од Германија, Петар Рау предаваше германистика на Битолскиот универзитет и ја напиша песната „Ода за Битола“.

-Таа се наоѓа врамена во битолскиот Совет, а доби и аудио верзија во изведба на оперската пејачка Марина Коруновска- рече професорот Жоглев.

Професорот Рау пак истакна дека најубавото место за работа му била Битола и дека низ Македонија имало и други здруженија за македонско-германско пријателство, но ни едно со толку голем ангажман како битолското.ger2

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека ваквите активности се добра прилика за промоција на Битола и дефинитивно отворање на поинкава, посветла перспектива, отворање кон светот и на можности многу повеќе луѓе да дојдат кај нас и да видат дека тука станува збор за пријатна атмосфера, како и за престој, така и за инвестиции.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани