2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шведска донација од 300 000 евра за Клиничката болница во Битола

Ноември 02, 2017

Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.

 

-Дониравме кревети, душеци, помагала, електронски апарати и друго. Се што е донесено е со најдобар квалитет. Шведски се прозиводите. Имаме планирано да донесиме уште една донација пред Нова година кон средината на декември и тогаш таа ќе биде вредна 350 000 евра. Ова ни е трет пат како донираме во болницата. Ова искуство што го имаме денес со новите менаџери на болницата и новата градоначалничка ме поттикнува и ми дава големаа желба повеќе донации да донесеме за пократко време- рече Русенгрен.dona

Директорот на болницата Зоран Лазаров изјави дека оремата ќе биде искористена за повеќе болнички одделенија.   

-Со оваа донација се задоволија дел од потребите што ги имавме како болница. Понатамошните донации според плановите што ги имаме, ќе бидат уште повредни. Сето ова ќе биде наменски искористено за повеќе одделенија во болницата, од гинекологија психијатрија и други служби- рече Лазаров.

Од болницата на донатирите им дадоа благодарници за укажаната помош.

IMG f04f5918bd6fee055da7dfd76958d67b V

Донаторите им се заблагодарија и на новата градоначалничка Наташа Петровска, додавајќи дека благодарение на неа и новиот менаџмент во болницата успеале за две недели да ги завршат сите процедури и донацијата да пристигне на време.  

-Секогаш сум велелеа дека љубовта, подадената рака, желбата некој некому да помогне апсолутно не треба да наиде на никакви бариери. Вчера оставривме официјална средба во мојот кабинет со донаторите. Се усогласивме дека апсолутно не смее да постои никаква пречка во одвивањето на целокупните подготвителни активности. Таа усогласеност дава верба дека во иднина вака подадената рака ќе биде топло прифатена во интерес на сите наши сограѓани- рече градоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани