АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Денот на планетата Земја и патрониот празник на ОУ „Тодор Ангелевски“ во соработка со ЈП „Комуналец“ во Еко куќичката се одржа еко активност со цел намалување на отпадот преку селектирање на био отпадот.
-Вредните ученици на наставничките Мирјана Тасевска, Јасмина Ортаковска, Гордана Ѓоргиевска и Слаџана Бојаџиева им презентираа искуства од ОУ „Тодор Ангелевски“ за производство на био отпад и производство на компост- хумусна, плодна почва.
Во проектната активност се вклучија и ОУ,,Св. Климент Охридски“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Коле Канински“ и ОУ„ Трифун Пановски“ и решивме сите заедно да ги засукаме ракавите и веруваме сите заедно ќе добиеме компост, изјави Љубица Стерјева директор на ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола.