Новите спортски терени во „Тодор Ангелевски“ ќе бидат осветлени и ноќе

Март 09, 2021

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорката на училиштето, Љубица Стерјева денес извршија увид во теренските активности за изградба на нови спортски терени за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка во ОУ „Тодор Ангелевски“, за чиј почеток Апла.мк информираше уште вчера. Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари. Покрај реконтруктивните зафати на спортските терени, ќе бидат набавени и потребните спортски реквизити.

Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови, а просторот ќе биде хорикултурно уреден. Локалните жители истакнаа дека во овој дел од градот има многу деца и изразија задоволство што децата наскоро ќе имаат можност да ги користат спортските терени за повеќе активности.ТОДРО

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани