2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола по седми пат на глобалната мапа за одбележување на 30-ти април Меѓународниот ден на џезот

Април 30, 2019

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб),  реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

 

Оваа година МКЦ – Битола по седми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април со организирање на концерт на Оливер Јосифовски Квартет во вторник 30-ти април 2019 година. Локација кафе бар Камарите - Битола, со почеток во 22.00 часот. Влезот е слободен.

Овој концерт по седми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Глобален град домаќин на главниот настан за 2019 година е Мелбурн, Австралија. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани