АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во знак на сеќавање на масакрот кај тетовското село Вејце, кога во конфликтот во 2001 година на 28 април, свирепо, од заседа, беа масакрирани осумина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ, бранителот од Битола Сашо Гилевски на својот ФБ профил објави фотографија со деца на бранителите од Битола од местото на убиството на нивните татковци, 8 запалени свеќи и напиша
„Тешко е после 18 години да го однесеше детето и да му покажеш каде загина неговиот татко, каде херојски го положи својот млад живот. Со некои работи мораш да живееш . Тие беа херои, а дали сакаа да бидат херои? Сакаа да бидат браќа, татковци, сакаа да гледаат деца како сите нас. Јас знам дека не можете да го смените минатото, ама бараме поправете ја грешаката што ни ја нанесовте сите овие 18 години. Борбата во 2001 година беше борба за нашите предци и живот за нашите деца, напиша Гилевски на ФБ.
Во чест на четворицата битолчани кои ги положија животите во конфликтот во 2001 година, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, утрово семејствата, колегите, претставници на локалната самоуправа, политичките партии положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот кај полицијата и споменикот „Ангел“ кај Саат кулата
-Тежок ден за битолчани, тежок ден за нас бранителите кои први стигнавме на местото и ги извлекуваме телата на нашите загинати колеги. Денес на овој голем празник, испраќам порака дека време е во Македонија да почне соживотот и да си подадеме рака, затоа што резервна татковина немаме. Оваа е татковина за која треба да се бориме со мир, љубов и соживот, а не со оружје в рака, а сите конфликти да се решаваат по мриен пат, изјави Гилевски денеска.