2win800x200

Во СОУ „Таки Даскало“ отворена изложбата „Ана Франк-Историја за денес“

Мај 23, 2019

Во СОУ „Таки Даскало“ во Битола во соработка со Младинскиот образовен форум во четвртокот беше  отворена патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“

 

Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето. Се ова е раскажано преку животот на едно семејство. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес. 

Оваа изложба досега е поставена во 21 град и е посетена од 19 илјади посетители, а во светски рамки ја виделе над 5 милиони посетители во повеќе од 40 држави. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права.

Водичи на оваа изложба се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на малата Ана, а учениците ќе добијат меѓународни сертификати за учество.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиотвек. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современотовреме и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Изложбата „Ана Франк - Историја за денес“  од понеделник до 3 јуни ќе биде отворена секој ден од 7,30 до 16 часот за сите заинтересирани посетители и групи од основните и средните училишта.

60764693 456312961839932 6814740753621712896 n

60769308 408404776411434 3622640880785031168 n

60835831 2189597904450400 8210746515145097216 n

60876475 379878929538228 3915685704822161408 n

60942121 2312329492179277 2835431348896792576 n

61006043 504819710057276 762016829982900224 n

61116841 668303800290359 6256312859597209600 n

61165794 1025315590993864 4440209204321452032 n

61169826 421254575324863 184893239671652352 n

61194371 2337115559909345 1445226992973643776 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани