2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Грција преку Меџитлија само пеш

Ноември 09, 2017

Поради штрајк на грчките цариници, денеска на 9 ноември, преку граничниот премин Меџитлија, односно Ники на грчка страна, се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за мотрони возила е во прекин, соопштуваат од МВР.  Штрајкот започна  во 05.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 10.11.2017 година.

На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 23.00 часот на ден 09.11.2017 година. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани.

На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 05:00 часот и ќе трае до 23:00 часот на 09.11.2017 година. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци. Исто така и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09.00 часот утринава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани