2win800x200

Наумче Смилевски од СДСМ претседател на Советот на Општина Новаци

Ноември 07, 2017

Се конституира Советот на општина Новаци, а за претседател е избран  Наумче Смилевски од СДСМ, со 5 гласа за и четири воздржани.

Новиот општински Совет  брои девет советници, четворица  од кандидатската листа на СДСМ, исто толку советнички мандати  освои кандидатската листа и на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и еден советник од независната листа на  Стефан Каранфиловски.

Новиот претседател на Советот, Смилевски, на присутните советници им се заблагодари на изборот и изрази надеж за понатамошна соработка.

Честитајќи им го изборот на новите советници градоначалникот на Општина Новаци , Љубе Кузманоски, рече дека малкумина ја имаат честа да бидат советници, што е истовремено и привилегија, но и  одговорност, затоа што оние кои ги избрале по четири години ќе бараат резултати од нивното работење.

„ На сите избрани советници ви го честитам четиригодишниот мандат и се надевам дека сите заедно ќе работиме за да се имплементираат проекти од интерес на сите граѓани и од интерес на развој на локалната самоуправа. Советниците се и посредници помеѓу граѓаните и нивните потреби и локалната власт, кои идеите и проблемите на жителите ќе ги преточат во проекти за доброто на сите, но советниците се и финансиери, затоа што заедно со мене ќе работат на изнаоѓање средства и финансии за реализација на програмите кои ќе ги имплементираме. Посакувам да бидеме сите во функција на  граѓаните, со цел по четиригодишниoт мандат да oставимe проекти кои ќе се паметат и со кои ќе се гордееме“, порача Кузманоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани