АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стотина деца од целиот свет го нижат герданот од прекрасните детски ликовни творби на 38-то издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Нивните уметнички колекции изложени на отворено пред објектот на Монмартр во Старата битолска чаршија се вистинска атракција за битолчани, но и за гостите од странство. Денеска е последниот ден од детската колонија.
-Живее магијата на Малиот битолски Монмартр. До 30 мај ќе творат стотина ученици предводени од нивните ликовни педагози. Секоја вечер ќе се избираат најдобри поединци според цртежите што ги изработиле, рече Косата Хаџиантоновски.