Општина Битола го објави конкурсот за Битфест 2019

Мај 29, 2019

Општина Битола го објави конкурсот  за учество во програмата на Битфест 2019 година. Предвидени се вкупно 4 милиони денари, а право на учество имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола).

Ако апликантот е со седиште во друга општина, активноста треба да се случи на територија на Општина Битола.

Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во еден примерок е петок, 7  јуни 2019 година, до 16 часот.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата и тоа: музичко и музичко – сценска уметност,  театар,  ликовна уметност,  видео, фото, филмска уметност,  литература,  фолклор,  нови уметности. 

  Деталите за јавниот повик и потребното барање, може да ги најдете на веб страницата на Општина Битола, на следниот линк:

http://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-учество-во-програмата-н-3/

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани