2win800x200

ГРАД ГИ УНИШТИ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ВО ЕГРИ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ДОСТАВАТ БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Јуни 17, 2019

Силно невреме проследено со врнежи од град вчера предизвика сериозни оштетувања врз градинарските и житните култури во битолското погранично село Егри. Земјоделците се пожалија дека градот им го обра годинешниот род од пипер, жито, јачмен, пченка, бостан...

„Вчера по 16 часот не фати голема несреќа, сѐ што имавме посадено и посеано ни уништи. Пипер, пченка, јачмен. Врнеше 45 минути, паѓаше град голем колку орев. Невидено до сега. Зафати околу 200 хектари од полето. Се случувало и претходни години да врне град во овој период, но толку голем зијан во нашето поле не направил досега “, се пожали Манојле Ристевски, жител на Егри.

Од општина Битола соопштија дека после силните врнежи од дожд и град кои оставија големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, се повикуваат сите земјоделци од општината да достават барање за надомест на штета .

Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

„Денес заедно со колегите од Советот и претставници од Општина Битола ги посетивме оштетените земјоделски површини од град во атарот на с.Егри. Се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, да достават барање за надомест на штета до Општина Битола. Заедно со барањето, потребно е да достават имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура, најдоцна до 24.06.2019 година до 16:00 часот. Веднаш по пристигнувањето на пријавите ќе бидат направени проценки и истите ќе бидат соодветно обештетени“, напиша на својот фејсбук профил началникот по земјоделство Методија Илиевски. 62496519 1598971403567795 452186650982744064 n64595534 1598971693567766 704698709006352384 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани