2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Олга Лозановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ за покaчувањето на платите во градиниките

Јули 05, 2019

На вчерашната седница пред советниците на Советот на Општина Битола се најде одлуката за покачување на платите на сите вработени во градинките за 16 проценти. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска ја поздрави одлуката за зголемување на платите, но сепак рече дека ова покачување вработените нема да го почувствуваат.

-Јас го поздравувам покачувањето на бодот кај вработените, но сакам да прашам каде е просечната плата од 500 евра? Дали знаете колку чини бензинот откако сте вие дојдени на власт? Дали знаете колку намирници се поскапени? Ќе ви кажам еден пример, мастиките Орбит беа 25 денари 10 години, сега се 30 денари. Сега таа плата која вие се фалите дека ја зголемувате ќе оди за плаќање на карта за превоз на некоја што работи во една од градинките, а живее Оризари, затоа што ги покачивте картите, го покачивте бензинот за еднаш до Скопје да одат, го покачивте кромидот, компирот, така што не се фалете многу, направете ја просечната плата 500 евра, па после фалете се, им рече Лозановска на  советниците од владеачкото мнозинство на вчерашната седница на Советот на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани