АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Блиц интервју со Олга Лозановска, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна едница. Лозановска по професија е лекар, специјалист интернист и магистер на медицински науки. Во оваа прилика Лозановска зборува за себе, за семејството, за нештата кои ја исполнуваат, ја прават среќна, но и она што ја прави тажна во животот.
Апла-Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?
Лозановска-Мојот татко учествуваше во изградбата на новата болница. Во време на епидемија со тифус и жолтица активно беше вклучен во таа борба како главен медицински брат на Инфективното одделение. Моите свекор и свекрва беа просветни работници и описменија многу луѓе во овој град.
Апла-Што ви го исполнува слободното време?
Лозановска-Немам многу слободно време, и тоа што го имам го поминувам со семејството, читам книги, пишувам трудови.
Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?
Лозановска-Се навраќам на времето кога ми беа мали децата. Често посакувам да се врати тоа време, сите да сме заедно.
Апла-Вие сте лекар, специјалист- интернист, што беше пресудно да ја изберете оваа професија?
Лозановска-Уште од мала сакав да бидам докторка. Моите писмени работи за мојата идна професија ми беа за чиста петка.
Апла-Омилен настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?
Лозановска-Еден од убавите настани е кога ја бранев мојата магистерска работа.
Секоја загуба на човечки живот тешко ја поднесувам.
Апла-Кое е мотото на Вашиот живот?
Лозановска-Работата го краси човекот. Се тече се’ се менува.
Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?
Лозановска-Шетање во природа, покрај езеро или море.
Апла-Која книга ви е омилена и зошто?
Лозановска-„Однесено од виорот“-Маргарет Мичел. Во книгата има многу упорност, работа, гордост, судбина.
Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?
Лозановска-Не.
Апла.мк во наредните денови ќе објавува блиц интервјуа со кандидати за пратеници од Битола.