АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Олга Лозановска вечерва е избрана за член на Извршениот комитет на партијата. Актуелната пратеничка Силвана Ангелеска која во 2018 година беше избарана за член на ИК по предлог на лидерот Мицкоски веќе не е дел од ова партиско тело.
Централениот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги избра новите членови на Извршниот комитет. Во него, како што соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски како нови членови влегуваат инфектологот Вело Маркоски, Гордана Димитриевска Кочовска и Рашела Мизрахи.
Во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ покрај овие членови остануваат потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, потоа Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.
Лидерот на партијата Мицкоски на прес-конференцијата рече дека досегашниот генерален секретар Игор Јанушев од лични причини се повлекува, а мандатот на претседателката на жените на ВМРО-ДПМНЕ и истекол.