2win800x200

Уништувачот на Битола Владимир Талески е најголем поддржувач на Мицкоски, вели Корлевски

Јули 23, 2019

Освен по туристичкото селфи на Пелистер, Мицкоски битолчани ќе го запаметат по младите насилници како негова позадина, но најповеќе, по неговиот најголем поддржувач од првите редови, уништувачот на Битола, Владимир Талески, оценува портпаролот на СДСМ-Битола, Борче Корлевски со забелешка дека не стивнуваат негативните реакции на битолчани со нивни прашања и негодувања од последната посета на лидерот на ДПМНЕ  Мицкоски во Битола.

-Мицковски доблесно од вас заедно со Владимир Талески ќе беше, да им одговорите на битолчани како ветената железничка пруга кон Кремненица која ја ветувавте на сите избори од 2006 година не успеавте да ја реализирате, парите да ги потрошите во неповрат, за сега Владата на СДСМ и коалицијата со градоначалникот Наташа Петровска во целост ја изградат и повторно поврзат Битола со железничка пруга со Европска Унија, рече Корлевски на денешната прес конференција.

Според него, Мицкоски треба на младите  да им се извини што неговиот  поддржувач Владимир Талески им го затвори полигонот за возачки испит во Битола, па ги натера младите  да полагаат во другите градови, за сега СДСМ преку градоначалничката Петровска во целост го изградат и пуштат во употреба новиот полигон за полагање возачки испит.

-Мицкоски вашиот говор требаше да го започните со критика кон башиот прв поддржувач Владимир Талески што во 13 години единствено што успеа е да ги уништи образовните институции во Битола, задолжувајќи ги со 4,5 милиони евра долг, со блокирани сметки од 2011 година!, обвини Корлевски.

СДСМ и коалицијата со градоначалникот Наташа Петровска успешно го сервисираат целиот долг со поддршка на Владата ги одблокираат сметките на училиштата, но во исто време континуирано се реконструираат и обновуваат детските градинки, основните и средните училишта, велат од партијата.

-На битолчани им зборувавте за обезличување, но токму вие  Мицкоски и вашиот сопартиец Владимир Талевски сакавте да ја обезличите Битола со продажба на Офицерскиот Дом!

Сега СДСМ и коалицијата со градоначалничката Петровска како што ветија започнуваат со негова реконструкција и ставање во целосна функција на Офицерскиот Дом, наведе Корлевски, според кого лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има за уште многу работи да им се извинува на битолчани.

-Мицкоски на вашиот туристички престој во Битола на вашето селфи на Пелистер требаше да им се извините на Битолани што вашиот поддржувач  Талески им го наплатуваше престојот на Битолчани при влез во својот Национален парк Пелистер, при тоа во два наврати ветуваше изградба на колекторски систем, изградба на опожарениот планинарски дом Копанки кој исто така Талески преку ноќ сакаше да им го отуѓи на битолчани, рече тој.

За СДСМ-Битола денес тогашната сурова реалност е само лошо минато на битолчани бидеќи СДСМ и градоначалничката Петровска во целост го променија, влезот во Националниот парк кој е бесплатен, колекторскиот систем во изградба, а планинарскиот дом се враќа назад на битолчани преку ногова скора изградба во интерес на сите љубители на планината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани