АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска 25 јули започнува електронската апликација за пријавување на сите студенти кои се на додипломски студии запишани во втора и повисоките години на факултетите и се заинтересирани за сместување во судентски домови во студиската 2019-2020 година, најави денеска на прес конференција директорката на студентскиот дом „Кочо Рацин“ Битола Соња Карапец.
-За студентите запишани во прва година електронското пријавување за сместување во студентски домови ќе започне од 9 септември и ќе трае до 16 септември. Сите потребни документи за аплицирање на конкурсот се наоѓаат на станицата на Министертсвото за образование и наука, а може да се аплицира и на интернет страницата www konkursi. Mon.gov. mk . Студентскиот дом „Кочо Рацин“ Битола и службите во него стојат на располагање преку целиот летен период за доставување на документацијата со соодветни совети , рече Карапец.
Оваа година Студенскиот дом во Битола има сместувачки капацитет за 385 студенти кои ќе бидат распоредени во четири блока. Од кои едниот е целосно реновиран минатат година.
Оваа година ни беше во план да реновираме уште еден блок меѓутоа од Владата ни беше кажано да не започнуваме со таквиот проект бидејќи има предвидено средства за реновирање на студентските домови на ниво на држава во кој е вклучен и нашиот и до крајот на оваа календарска година очекуваме дека ќе знаем со колкава инвестиција ќе биде вложено во нашиот Дом, додаде Карапец.