АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фактот што има достапна и ефикасна вакцина против хепатитис Б и нови лекови против хепатитис Ц се добар показател дека во блиска иднина може да се достигне целта за елиминација на хепатитот, беше речено денеска на одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитот што се одржа во Битола. Хепатитот е болест која задолжително подлежи на пријавување така што во 2019 година досега за Битола се пријавени 9 случаи на хепатитис А, три случаи на хепатитис Б и два случаи на хепатитис Ц.
Во 2018 година биле пријавени 9 случаи на хепатит А, 11 случаи на хепатит Б и 23 случаи на хепатит Ц , што се должи на поажурното пријавување.
Центарот за јавно здравје и оваа година во соработка со ХЕПАР центарот од Битола и оваа година активно се вклучува во одбележувањето на овој ден за што беа одржани повеќе воспитно здравствени активности како и денешниот централен настан што се одржа во Битола. Целата на овие настани е да се подигне свеста на населението од опасноста од хепатитот и граѓаните да добијат информации околу превенцијата, начинот на пренос на заболувањето , тестирањето и третманот.
-Светската здравствена организација секоја година го одбележува Светскиот ден за борба против хепатитис -28 јули. Мото оваа година е Инвестирајте во елиминација на хепатитисот“.Глобално во светски рамки 325 милиони лица се заразени од хепатитис. Хепатитис Б и Ц е втора најсмртоносната заразна болест после туберколозата. На глобално ниво 9 пати повеќе лица се заразени со хепатитис Б и Ц во споредба со ХИВ, рече магистер д-р Светлана Поповска Кљусева , специјалист по епидемиологоија во Цантарот за јавно здравје Битола.
Милан Мишковиќ од ХЕПАР центарот-Битола вели дека секоја година заедно со нивните партнери прават одредени активности со цела да се подигне свеста кај граѓаните за овие заболувања кои се нарекуваат „тивки убијци“.
-ХЕПАР центарот Битола и оваа година излезе со нови барањ а до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија во однос на медикаментите и терапијата кои треба да биде присутна во нашата земја . За жал можат да констатирам дека во практичниот дел каде пациентите треба да добијат терапија ја немаме. Во државта имаме само една предност која се случи изминатава година е тоа што Македонија доби донација за околу триста пациенти со хепатит Ц , рече Мишковиќ.
Сега се работи на национална група составена од повеќе релевантни институции која е одобрена од Министерството за здравство и која треба да направи акционен план за наредниот период.
Се очекува на позитивната листа да биде вмете лек за хепатитот Б . Останува борбата да се стави на листа и лекот за хепатит Ц , иновативен лек.