АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Битола, ги известува сите земјоделци на кои им следуваат картички за користење на мерката „зелена нафта“,дека ќе се доделуваат во дисперзираните канцеларии на МЗШВ во Општина Могила и Општина Новаци .
Секој земјоделец кој има пријавено субвенции за градинарски и полјоделски култури, овошни и лозови насади за 2018 година е корисник на мерката за „зелена нафта“, велат од ПЕ.
Подигнувањето на картичките мора да биде лично со лична карта.