АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мерната станица на платформата Земи здив во месноста Бадембалари, денеска попладне покажа високи концентрации на штетни честички во амбиенталниот воздух. Со помош на жителите од Бадембалари, кои направија фотографии и видео се откри и изворот на аерозагадувањето- запалена отпад, а огнот ја зафати и сувата трева во околината.
Од палтформата Земи здив велат дека мерната станица во Бадемабалари е една од оние со највиоски параметарски вредности, а според нивните анализи овој дел од градот има константни загадувачи кои во текот на целата година го загадуваат амбенталниот воздух. Жителите овде честопати горат гуми, пластика, кабли, отпад, но, досега нема информација дека некој е казнет и покрај очигледното аерозагадување.