АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.
Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен на турски јазик. Дејствието на филмот кое се одвива во актуелно време, прикажува неколку испреплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.
Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.“, во филмот „Мед“ што беше добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал и многу други; Белчим Билгин позната по филмовите „Сонот на пеперутката“, „Љубовта ги сака случајностите“, „Сезона на носорогот“ серијата „Сети се сакана“; нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат “ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.
Режисерот Сердар Акар, меѓу останатото ги потпиша сериите со голема гледаност „Долина на Волците“, „Збогум Румелија“, „Бехзат Ч.“, како и филмовите „Татковина“, „Долина на Волците: Ирак“, „На Бродот“.
Сценариото е на Оливер Ромевски, кинематографер на филмот е Дејан Димески (добитник на Сребрена камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“), костимограф е Емилија И. Атанасовска, сценографијата е на Кирил Спасески.
Продуцентите на филмот Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор Филм, го реализираат проектoт како македонско-турска копродукција во соработка со турската продуцентска куќа Ен-Те-Џе Медиа (NTC Medya). Филмот е поддржан од македонската Агенцијата за филм