АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска почна распределбата на персонализираните картички во дисперзираната канцеларија на МЗШВ ПЕ Битола во општина Новаци .
Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола Методија Илиевски учествуваше во доделувањето на картичките за "зелена нафта"
Илиевски ги запозна земјоделците со мерката "зелена нафта" како и за придобивките од истата.Разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат земјоделците , исплатата на субвенциите .
Со мерката "зелена нафта" се враќаат 200 милиони денари назад кај земјоделците, се намалуваат производствените трошоци во насока на подобрување и градење на поодржлив агро-сектор .
Преку оваа мерка значително се помага буџетот на секој земјоделец во поглед на поголеми приходи за секое земјоделско семејство и повеќе можности за развој на земјоделското стопанство.