АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 28 август во 1944 г, во село Морани, Скопско, е убиен Томе Димитровски-Томаќи, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден бил во Битола на 1 септември 1922г. Од предвоениот период бил припадник на младинската комунистичка организација СКОЈ.
Во април 1942 г. Станал борец на првиот битолски ПО „Пелистер“. Во септември 1943 г. станал член на првиот народноослободителен комитет (НОК) во Битола.
Бил откриен и уапсен од бугарската окупаторска полиција, а потоа бил осуден на доживотен затвор.
Казната ја извршувал во затворот во Идризово. По бегството на политичките затвореници од затворот во 1944 г. станал борец во Третата македонска бригада.
Загинал во борбите на оваа единица со бугарските војски.
Подготвил: Алекдандар Литовски, историчар