2win800x200

Иванчо Тошевски го брани кредитот на Талески, а „плука“ по задолжувањето на власта

Август 29, 2019

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски  не се согласува со најавите на актуелната власт за задолжување од 1 милиони евра за набавка на еко автобуси. Тој денеска пред медиумите  го бранеше  кредитот од 2, 5 милиони евра со кој  бившиот градоначалник Владимир Талески  ги задолжи битолчани за уредување на поранешната касарна, а при тоа дел пренамени за ИЗ „Жабени“, па станарите во новата населба дури сега добија асфалтирани улици иако во становите се вселија уште во 2015 година.

-Кредитот кој што беше подигнат во изминатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ  во висина од 156 милиони денари , сведоци сте сите дека тие се искористија за инфраструктурни решенија за уредување на градежно земјиште во Касарната. Знаете сите дека од првично предвидени 156 милиони денари за АРМ 1 и АРМ 2 беа искористени само 100 милиони денари, значи тука се направи заштеда од 50 милиони денари, беше оправдувањето на Тошевски.  

Тој смета дека задолжувањето треба да биде предмет на дискусија на пошироката јавност како и на експертската јавност.

-Набавката на еко автобуси и задолжување на Општина Битола со 1 милион евра е веќе видена пракса на работа на власта, односно сакаат да направат дефокус од она што се реални проблеми на секојденевното функционирање на Општина Битола. Кога зборуваме за аерозагадувањето треба да сме свесни дека најголемото загадување доаѓа од греењето. Од институциите кои се под капа на државата и под капа на Општина Битола. Помал е уделот  на домаќинствата и нормално свој удел си има и сообраќајот. Ние имавме предлог за една сеопфатна анализа  за решавање на проблемот со сообраќајот,  со што дополнително ќе се допринесеше и за подобрување на амбиенталниот воздух во градот, рече Тошевски.  

Актуелната власт најави дека ќе набави 4 еколошки автобуси  во вредност од околу 1 милиони евра. Автобусите ќе бидат платени со средства од  кредит подигнат преку Министерството за финансии од проектот "Подобрување на меѓуопштинските услуги".

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани