АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради градeжни активности, од денеска во наредните три месеци, сообраќајот на магистралниот пат Битола-Прилеп ќе се пренасочува на регионалниот пат, информираат од АМСМ
„Фабрика Карпош - АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп - Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци“, се наведува во известувањето на АМСМ
И директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, за апла.мк потврди дека ќе се рехабилитираат 15 километри од патот Битола-Прилеп, која според анализата била најоштетена делница.