АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.
„Секторот за Внатрешни работи Битола им се заблагодарува на граѓаните на Општина Битола за укажаното разбирање и соработка со полицијата при превземањето на мерки за воспоставување на посебен режим на сообраќај во градот Битола, поради денешната официјална посета на Претседателот на Р.Албанија, Г-дин Илир Мета на Битола,“ пишува во соопштението на СВР Битола.
Битолчани денеска се соочија со ограничено движење низ сообраќајниците во градот, а забележително беше присуството на униформирани полицајци на повеќе локации во централното градско подрачје.
Безбедноста беше подигната на највисоко ниво, а полицијата ја проверуваше општинската зграда со полициски кучиња.
Неколку минути пред да пристигне возилото на албанскиот претседател, заградта на Општина Битола, ја надлетуваше полициски хеликоптер.
При пристигнувањето на Мета до општинската зграда, пред 13 часот, беше блокиран сообраќајот на „Бул. 1Ви Мај“, а автомобилите беа пренасочувани низ други улици, при што се создаде метеж посебно во старото градско јадро, каде уличките се тесни, и автомобилите тешко се разминуваат.