ВМРО-ДПМНЕ повикува на разговори за обнова на Битола, Петровска вели тоа е врв на лицемерието

Септември 26, 2019

Иванчо Тоишевски, во името на  ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, денеска ги повика битолчани заедно да ја започнат обновата на Битола, а разговорите за тоа ги најави за утре со почетоко во 16 часот на Широк Сокак.

-Ако ја чуствувате неправдата, ако Ве навредува неработењето и неспособноста на оваа власт, ако сте загрижени за иднината на Вашите деца, ако сте очајни поради состојбата и сивилото во нашата Битола, ако сте безнадежни поради уништувањето на Македонија и Вашето достоинство, дојдете почитувани битолчани и битолчанки, овој петок, на 27 септември на Широк Сокак, во 16.00 часот, зашто време за одлагање нема. Дојдете, заедно со луѓето кои знаат и сакаат, луѓето кои можат сериозно и одговорно да работат на обновата на Битола, рече Тошевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката Петровска, запрашана како го коментира тоа што ВМРО-ДПМНЕ разговорите за обнова на Македонија ги почнуваат токму од Битола, одгвори дека лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да повикува на обнова на градот во кој оставиле пустош.

-Да започнета таква акција во градот кој сте го оставиле со 12 блокирани училишта, над 4,5 милиони евра неплатени долгови во образованието, да го започнете тоа во градот каде 6 години сте го оставиле без полигон за полагање возчаки испит, градот кој сте го оставиле со тужбени барања поради неизградена инфраструктура, што било обврска на општината, да се фалите дека почувате да градите стадион, а тоа га го прави некој друг, да имате град во кој сте оставиле пустош а да зборувате за обнова е повеќе од лицемерие, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани