АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од оперативните владини мерки за вработување во 2018 и 2019 година најголем интерес во Пелагонискиот регион имало за самовработување. Овој податок го потврди директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на денешната регионална средба што се одржа во Битола, на која покрај Јовановска, учествуваа и градоначалничката Наташа Петровска и министерката за труд и социјала Мила Царовска.
- Пелагонискиот регион покажа голем интерес за учество во активните мерки, тоа го потврдија работодавачите но и невработените лица, имаме над 350 правни субјекти кои во моментов имаат склучени договори со Агенцијата за вработување, и исто така имаме околу 800 акивни договори со неврботени лица. Од активните мерки за вработување, голем интерес во овој регион има за самовработувањето, потоа практиканството и исто така обуките и преквалификациите за непознат работодавач, посочи Јовановска.
на оваа средба беше ставен на региналните проблеми, предизвици и потреби во врска со Оперативниот план за вработување за 2020 година. Работодавачаите посочија дека добро е што се субвенционира самовработувањето, како и опрема за мали фирми, но она што е најпотребно во моментот е прекфалификција на невработените.
-Стопанството, министерството и Агенцијата за вработување потребно е зеднички да делуваме, заоа што на стопанството му се потребни соодветни кадри. Ова што во моментот го имаме не е довоно за развој и поддршка на стопнството и се судираме со недостиг на квалификувани и стручни лица, инженери и друг кадар. Тука мора да се вклучи и Министертвото за образование и заеднички да ги усогласиме тие програми. Недостиго има секаде, во сите сектори, изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора-Битола
Министерката за труди и социјална политика Мила Царовска изрази задоволство од реализацијата на оперативните мерки за 2018 и 2019 година.
-Финансиските средства издвоени за 2019 година во висина од 1,1 милијарди денари се искористени, а со ребалансот што е во собраниска процедура планирано е додавање на финансиски средства, посебно за самовработување и за субвенционирање на плати што покажува дека мерките беа добро програмирани. Со бизнис секторот дискутиравме каде се потребни средства за инвестиција, дообука или преквалификации на работници за да може да ги апсорбираат тие работници, пракса која се покажа како добра, и затоа и оваа година продолжуваме со истиот принцип, подетализирано и со директни насоки од бизнис секторот за да ние како Влада можеме да ги прифатиме, а потоа Агенцијата за вработување да ги имплементира потребните обуки, истакна Царовска.
Како домаќин на регионалниот состанок во Битола, градоначалничката Наташа Петровска нагласи дека решавањето на проблемите најефикасно се врши со отворена дискусија.
-Новите вработувања најдобро се решаваат во соработка со сите заинтересирани субјекти посветени на овој проблем. Со отворена дискусија можеме да извлечеме заклучоци, да воочиме каде се движиме и што треба да направиме, каде можеме да имаме подобрување. Регионалниот состанок овозможува да ги реализираме нашите амбиции, рече Петровска.
Средбата во Битола се одржа со поддршка од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.