АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола се одбележа 11 Октомври, денот кога пред 78 години македонскиот народ се приклучи кон антифашистичката војна. Претставници на Созјузот на борците, градоначалничката, членови на општинскиот Совет, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМН, како и нивните подмладоци, положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура.
-Секоја револуција остава траги и континуитет. Така беше со Илинденското востание во 1903 година, кое остави длабоки траги за наредното востание што се случи на 11 Октомври 1941 година. Овој е еден од најзначајните настани затоа што со тоа ја добивме слободата, формиравме држава за идните поколенија, а целта беше да создадеме подобри услови за живот, затоа што тоа беше не само војна, туку и социјална револуција, рече Александар Трајковски, претсдатела на ОО на Сојуз на борци-Битола.
-Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода нашата неависност, просперитетот и нашата иднина. Токму во оваа прилика сакам да се заблагодарам за сите оние наши борци кои ги положија своите животи токму за нашата слобода, рече градоначалничката Наташа Петровска на чествувањето.
Делегациите положија свежо цвеќе и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, а ги посетија и Партизанските гробишта и се поклонија пред вечните живеалишта на хероите кои го положија животот за слободата на нашата земја.