АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нова трафостаница постави ЕВН-Македонија за потребите на жителите од улицата „Караорман“ над Битолскиот Баир. Мирсад Мухединов, вработен во ЈКП „Комуналец“ кој е задолжен за одржување на обиколницата над Битола, жител на оваа населба за Апла.мк вели дека тој и неговите соседи од населбата подолго време ја барале оваа трафостаница заради секојдневни проблеми во снабдувањето со струја, но ја добиле сега како што вели благодарение на заложбите на градоначалничката Наташа Петровска и на Самка Ибримовски од партијата ПЦЕР , како и од вклученоста на другите ромски партии.
-Јас и жители од населбата поднесовме барање до ЕВН, и еве денес ја добивме трафостаницата за потребите на нашата населба. Многу сме среќни поради тоа зошто сега ќе бидеме посигурни околу снабдување со струја на нашите домови. Голема благодарност до градоначалничката Наташа Петровска која не поддржуваше во барањето, вели Мухединов.
А.Б