2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Испад на третиот блок во РЕК поради дефект на трафостаница на МЕПСО

Април 28, 2018

Десет часа надвор од производство на електрична енергија беше третиот блок во РЕК „Битола“. Испадот се случи околу 01,33 часот по полноќ, а блокот беше синхорнизиран и повторно пуштен во функција во 11,49 часот денес. Од ЕЛЕМ со писмено соопштение потврдија дека испаѓањето на блокот било предизвикано од дефект на трафостаницата  „Битола 2“ на МЕПСО.

 

ВМРО-ДПМНЕ на нивната интернет страница обвинија дека  повеќе од 10  часа РЕК Битола воопшто не е функционална бидејќи единствениот активен, од трите  блока во РЕК Битола, ноќеска испадна од мрежа. Воедно обвинија дека во текот на вчерашниот ден бил предизвикан и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола, па  снабдувањето со јаглен било запрено.

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека причината за испад на блокот 3 е експлодиран струен мерен трафо за далековод кон Скопје, 400 киловолтен, во трафостаницата Битола 2 на МЕПСО.

„Заради тоа по собирничка заштита исфрлен е блочниот прекинувач на блокот 3 во 01,33 часот што доведе до ‘испад’ на блокот. Блокот е синхронизиран во 11,49 часот со електро-енергетскиот систем и повторно пуштен во функција“, соопштија на писмено од ЕЛЕМ.

Во меѓувреме, додаваат од ЕЛЕМ, електричната енергија за тарифните потрошувачи е обезбедена од другите производни капацитети и нема прекин или недостаток во санабдувањето со струја.

Другите два блока 1 и 2 плански се исклучени извесен период зашто има доволно електрична енергија од хидропотенцијалите. Околу десети мај се очекува да започне капитален  ремонтот на првиот блок, а потоа ќе следуваат редовни ремонти на останатите два блока.

Според извори од РЕК, пожар во рудникот немало, но дури и да дојде до такво нешто не би имало последици врз снабдувањето со јаглен бидејќи на  депонија има доволно јаглен за работата непречено сите три блока во следните 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани