2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Говорот на омраза е наше секојдневие, но не се препознава

Ноември 11, 2019

Говорот на омраза е наше  секојдневие, посебно на социјалните мрежи,  но пошироката јавност не е многу информирана што точно значи тоа.

На оваа тема малку се зборува, токму затоа што тешко се препознава говорот на омраза, иако од минатата година  во Кривичниот законик на Македонија е регулирано како кривично дело, велат експертите. Токму со цел подигање на јавната свест за ова кривично дело, во организација на Правниот факултет се одржа меѓународен стручно-научен форум за говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза.

-Идејата е на едно стручно и научно рамниште да се отвори една тема која е многу современа, која тангира совермени процеси кои што се интензивираат со појавата на социјалните медиуми. Секојдневно гледаме различни примери на говор на омраза и потенцијални кривични дела од омраза. Дури во 2018 година законодавецот во Македонија конечно се зафати со подетално регулирање на оваа материја и за истата за првпат даде дефиниција во кривичниот законик-што е тоа говор на омраза. На оваа тема кај нас многу малку се знае и се зборува, а толку многу е присутна во секојдневниот живот . Овие се активности кои што треба да придонесат за подигање на свеста за препознавање на говорот на омраза и дефинирање што тоа значи, бидејќи ние овој термин го споменуваме во секојдневието, но пошироката јавност не знае што точно значи. Ова е глобален проблем, егзистира во сите земји.

Во дебатниот дел на Форумот на тема „Говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза“ со свои излагања настапија претставници од Правен факултет во Ниш-Србија, Хелсиншки комитет, Институтот БАСИМ-Битола, како и претставници на граѓанскиот сектор од Битола. Мислењата и ставовите од овој научен собир ќе бидат поместени во публикација.

Е.М,

75199972 544817629671064 5912495212814401536 n

73460579 343740136464300 6204201342790008832 n

74394721 466629123965229 8711629818862501888 n

75271507 348626522621942 6449603258548748288 n

75328725 1256976584490575 8446685673057943552 n

75540162 1015927805412372 1411427275391369216 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани