2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Условна казна затвор за говор на омраза на фејсбук страната на ЗНМ

Декември 29, 2021

Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.



Тој на Фејсбук страната на ЗНМ на 28.07.2021 година, напишал вулгарен коментар со омраза со следната содржина: „Племе да ви ебем новинарско, пички лажговци задолжителен затвор за секој новинар кој шири паника овие годинаипол, сечење јазик на секој новинар“. 

ЗНМ за овој коментар на 16.08.2021 година поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат па компјутерски систем и за предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. 

Во барањето за кривично постапување од ЗНМ се аргументира фактот дека ваквите коментари претставуваат кривично дело но и дополнително се укажува дека преку евентуалната неказнивост на истите се отвора простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите што може да резултира и со насилство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани