2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Козаров одговори на обвинувањата на Степановски

Декември 02, 2019

Повеќе пати повторена лага, почнува да звучи како вистина. Затоа на лагата мора да се одговори со вистина, која секако и секогаш ќе биде поткрепена со аргументи, рече директорот на ЈКП Водовод Битола, Горан Козаров ,откако советникот во Советот  на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Горан Степановски викендов обвини дека одлуката што во септември оваа година беше донесена од Советот за повисока плата од 5% на вработените, не се почитува веќе два месеци од страна на Козаров. 

 Првиот човек на Водовод Козаров, на денешната прес конференција откако потврди дека покачувањето на платата ќе се ефектуира со ноемвриската и даде целосен одговор  за новодно непочитување на одлуката на Советот.

-Во септември менаџментот на ЈКП Водовод поднесе барање до Советот на општина Битола дека бара покачување на платите на вработените за 5%. Ова наше барање беше прифатено едногласно од страна на сите советници. На таа иста седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ бев информиран дека против Водовод, од група на вработени, е покрената тужба за не исплатени надоместоци изминатите години и тоа по разни основи. Иако овај менаџерски тим раководи со компанијата 2 години, не сака да навлегува во анализа зошто вакво барање не е покренато порано кога веќе станува збор за побарувања стари повеке од 2 години и како тоа советниците на ДПМНЕ знаеле за оваа тужба пред менаџментот на Водовод? За нас сите се еднакви пред законот како со нивните права така и со нивните обврски, рече Козаров .

Според него после добивањето на оваа информација и ново настанатата ситуација, се побарало од Управниот Одбор на Водовод, привремено да се стави во мирување покачувањето на платата, се’ со цел да може  да се види на што точно се однесува тужбата, колкав  е бројот на луѓе опфатен со ова тужбено барање и која е финансиска штета кон претпријатието.

-Овој период направивме пресметки, анализи и споредби кои ги опфатија пресметките на вештото лице ангажирано од страната на тужителите како и наши интерни пресметки, се’ со цел да го знаеме реалното финансиско побарување со кое што ќе се соочи јавното претпријатие доколку вработените се во право и им биде прифатена поднесената тужба, објасни Козаров.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани