Утре делови од градот со прекини во водоснабдувањето, а делови со намален притисок, соопштуваат од „Водовод“

Декември 04, 2019

Се известуваат граѓаните корисници на вода дека на ден 05.12. 2019 година (четврток) од 10 до 13 часот поради редовни планирани активности на ЈКП„ВОДОВОД“ Битола одредени делови од градот ќе бидат со намален проток на вода, а во одредени делови ќе има и прекин на водоснабдувањето со вода и тоа: 

Ул. „Партизанска“(Кулите 20 и 22), „Идеал Шипка“, Населба „Боримечка“,

ул. „Бистра“, ул. „Прогрес“, Буковски Ливади (долниот дел), Буковски мост (Кај Транскоп),

Селата: Поешево, Логоварди, Кравари, Оптичари, Егри, Породин, Меџитлија, Кременица, Индустриска зона Жабени, Лажец и Ѓермијан.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани